• понеделник, 23 декември 2024

Специјалниот обвинител Џек Смит го повика апелацискиот суд да го отфрли барањето на Трамп за имунитет

Специјалниот обвинител Џек Смит го повика апелацискиот суд да го отфрли барањето на Трамп за имунитет

Вашингтон, 31 декември 2023 (МИА) - Федералниот апелациски суд треба да го отфрли барањето на Доналд Трамп за имунитет од обвинението поврзано со неговите обиди да го укине својот пораз на изборите во 2020 година, изјавија синоќа американските обвинители.

Изготвувач на обвинението е Џек Смит, специјален обвинител задолжен за истрагата околу улогата на Трамп во укинување на резултатите од изборите.

Во неговото соопштение до судот синоќа се вели дека ниту Уставот на САД, ниту пак американските правни традиции не поддржуваат поранешен претседател да има „апсолутен имунитет“ од криминално обвинение за акции извршени додека бил на функција.

Според Смит, со создавање на таков правен штит претседателот се става над законот. Според него, Трамп тврди дека претседателството „е опфатено со апсолутен имунитет“ од судски прогон.

-Тој греши, изјави специјалниот обвинител.

-Принципот на распределба на власта предвиден со уставот и правните преценденти јасно укажуваат дека на поранешен претседател може да му биде предјавено обвинение за злосторство извршено додека се наоѓал во Белата куќа вклучувајќи, и тоа е особено важно во овој случај, незаконски дејствија насочени на тоа да остане во власт и покрај поразот на изборите, соопштува Смит.

Трамп ги даде на апелација решенијата на суд од пониска инстанца што го отфрли неговото барање за симнување на обвиненијата засновано на неговиот имунитет. Неговите адвокати тврдат дека во изјавата од 23 декември одлуката да се предјави обвинение на поранешен претседател обвинет поради поведение поврзано со неговата службена должност, ја поткопува претседателската власт.

Колегиум од три судии од Апелацискиот суд на САД во округот Колумбија планира да проведе сослушување за ова прашање на 9 јануари.

Трамп смета дека не е виновен околу обвиненијата предјавени од Смит дека извршил измама на САД, попречување на работата на Конгресот и нарушување на граѓанските права на избирачите со помош на шеми насочени кон укинување на својот пораз на изборите во 2020 година.

Делото е едно од четирите кривични дела против Трамп и едно од двете поврзани со наводното подривање на изборите. кб/

Остани поврзан