• понеделник, 23 декември 2024

Специјалната Олимпијада ја организира „Европската Недела на Фудбал“

Специјалната Олимпијада ја организира „Европската Недела на Фудбал“

Скопје, 10 јуни 2024

Во рамки на „Европската Недела на Фудбал“, иницијатива на Специјалната Олимпијада (Special Olympics) која традиционално се одбележува секоја година, Специјалната Олимпијада на Северна Македонија обедини околу 100 атлети, партнери, поддржувачи и фудбалери, на еден фудбалски терен.

Овогодинешното издание се одржа во соработка со Македонски Телеком А.Д., а поддржано и од Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА (UNFPA), Агенција за Млади и Спорт, Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) и НЛБ Банка. Настанот се одржа изминатата сабота (08.06.2024), во Градскиот Парк (кај “Школка“). Атлетите учествуваа во серија фудбалски активности и натпревар во чии рамки играа за општествена инклузија, за пријателство и уживање во спортот како еднакви, развивајќи разбирање едни кон други.

“Европската Недела на Фудбал 2024“ е иницијатива на Специјална Олимпијада (Special Olympics), која ги поврзува Атлетите преку најважната споредна работа во светот – фудбалот и го насочува фокусот на јавноста врз важноста на инклузивноста – на терен и во секојдневието.

“Традиционално и оваа година, како и претходните, Специјална Олимпијада Северна Македонија се вклучи во одбележувањето на Европската Недела на Фудбалот со учество на наши атлети во мешан состав, заедно со претставници од НЛБ Банка. Преку ваквиот тип на настани, директно од терен, но и пошироко, демонстрираме колку е значајна улогата на инклузијата преку спортот и во секојдневието. Минатата сабота игравме фудбал за рекреација, за пријателство, за еднаквост и најважно – за да покажеме со пример дека доколку активно секој од нас се вклучи и подаде рака, инклузијата не е само желба, туку и реалност. Оттука, голема благодарност до Македонски Телеком А.Д. и сите наши поддржувачи, партнери, соработници, волонтери, како и до тимот на Специјална Олимпијада Северна Македонија за поддршката и организацијата на овој настан. Само вака заеднички ќе успееме да ја подигнеме инклузивноста во нашата држава на повисоко ниво.“ – изјави Моника Бошкоска, Претседател на Специјална Олимпијада на Северна Македонија.

Како иницијатива, “Европската Недела на Фудбал“ основана од Специјална Олимпијада Европа-Евроазија и поддржана ФИФА, на годишно ниво обединува голем број фудбалери и тренери со и без интелектуална попреченост кои, преку концептот на “Обединети Спортови“ (Unified Sports) придонесуваат за зголемување на инклузивноста. Како дел од 24. издание на Европската Недела на Фудбал, беа инволвирани над 35.000 жени и машки спортисти со и без интелектуална попреченост кои учествуваа во 350 настани распоредени низ 45 земји во Европа и Евроазија, меѓу кои и нашата држава.

Специјална Олимпијада

_________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки 

Остани поврзан