• понеделник, 23 декември 2024

Специјалната Олимпијада потпиша Меморандум за соработка со КФСМ

Специјалната Олимпијада потпиша Меморандум за соработка со КФСМ

Скопје, 29 ноември 2023 (МИА) – Како кулминација на „Европската кошаркарска недела“, Моника Бошкоска, претседател на Специјална олимпијада Северна Македонија, и Перо Антиќ, претседател на Кошаркарска федерација на Северна Македонија, потпишаа Меморандум за Соработка во сферата на промоција на инклузијата преку кошаркарскиот терен.

Со потпишувањето на Меморандумот за соработка, Специјална олимпијада Северна Македонија и КФСМ заеднички ќе работат на зголемено вклучување на лицата со атипичен развој во спортот и спортските натпревари, промовирање на здрав начин на живот, подигнување на јавната свест за лицата со атипичен развој, како и на едукација на теми поврзани со овие целни групи.

- Посветеноста на промовирањето на инклузивноста преку спортот, на терен, но и пошироко е една од нашите секојдневни задачи како огранок на Интернационалната Специјална Олимпијада. Преку активностите кои ги реализираме со атлетите и со кои демонстрираме дека со подадена рака и вклучување во секоја сфера од општеството, лицата со атипичен развој добиваат можност да бидат еднакви како останатите, континуирано ја шириме нашата мисија. Ова го препознаа нашите пријатели од КФСМ, за што сме исклучително благодарни. Верувам дека во духот на спортот и спортските вредности, заедно ќе се бориме за поинклузивно општество, изјави Бошкоска.

Европската Кошаркарска Недела“, организирана од Специјална олимпијада Северна Македонија заедно со КошаркарскафФедерација на Северна Македонија, а со поддршка на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА, минатиот викенд обедини околу 100 атлети, тренери, партнери, поддржувачи и кошаркари, на еден кошаркарски терен, во СЦ “Кале“. Како дел од активностите, лицата со интелектуална попреченост, заедно со нивните партнери во Јунифајд (Unified) тимови, се натпреваруваа во 3Х3 basketball. зс/

Остани поврзан