• четврток, 15 јануари 2026

Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во струмичко

Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во струмичко

Скопје, 20 јули 2025 (МИА) - Денеска полициски хелиокптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во Василево, с.Нивичино, соопшти МВР.

-Поради разгорување на пожарот и опасност кон викендици и лица што дејствуваат во гаснење на пожарот полицискиот хеликоптер со прецизни налети дејствуваше во близина на патот и објектите кои што беа обиколени со пожар за да се обезбеди безбеден премин и да можат екипите од терен на безбедно да извршат евакуација на загрозените лица и да се повлечат на безбеден терен, стои во соопштението на МВР. нд/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан