• сабота, 23 ноември 2024

Спасовски – Келер-Сутер: Меморандумот за разбирање во делот на миграцијата ја продлабочува соработката на повисоко ниво

Спасовски – Келер-Сутер: Меморандумот за разбирање во делот на миграцијата ја продлабочува соработката на повисоко ниво
Скопје, 7 ноември 2022 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на покана на федералниот  советник во Одделот за правда и полиција на Швајцарската Конфедерација, Карин Келер-Сутер, како и на Државниот секретаријат за миграции на Швајцарската Конфедерација, предводеше делегација во работна посета на Берн, а по повод потпишување Меморандум за разбирање помеѓу Владата на Северна Македонија и Швајцарскиот Федерален совет за воспоставување на партнерство за миграција. Федералниот советник Келер Сутер на денешниот работен ручек му посакала добредојде на министерот Спасовски и изразил задоволство што со денешното потпишување на Меморандумот во делот на миграцијата се продлабочува нашата соработка на едно повисоко ниво, а дополнително остава простор за соработка  во повеќе сфери од полициската работа. Спасовски се заблагодарил за поддршката што Швајцарската Конфедерација и ја дава сите изминати години на РСМ и покрај големиот број предизвици со кои се соочивме. - Пријателските односи меѓу Република Северна Македонија и Швајцарската Конфедерација се базираат на конструктивна соработка, политички дијалог и взаемна поддршка на билатерален и мултилатерален план. Определбата на Република Северна Македонија за соработка, пријателство и добри односи, меѓу другото, е изразена и со приоритетниот интерес за приклучување во европските и евроатланските структури и другите регионални асоцијации, како и развој на сите видови соработка, пред сè од областа на внатрешните работи, истакнал министерот Спасовски, соопштија од МВР. Тој ја оценил досегашната билатерална соработка меѓу двете министерства како плодна и отворена, со уверување дека истата ќе продолжи да се развива со зголемен интензитет. По средбата, министерот Спасовски и неговата колешка Келер-Сутер го потпишале Меморандумот за разбирање помеѓу Владата на Северна Македонија и Швајцарскиот Федерален совет за воспоставување на партнерство за миграција. - Склучувањето на овој Меморандум ќе придонесе за унапредување, продлабочување и проширување на дијалогот во областа на миграцијата, особено со оглед на фактот што тој нуди можност за воспоставување на редовен и постојан дијалог и заеднички процес за зајакнување на соработката во областа на миграцијата, односно управувањето со миграциските текови, реадмисија, помош при враќање и реинтеграција, превенција на нелегалната миграција, борба против криумчарење мигранти и трговија со луѓе, соработка во областа на едукација и обука, односи со дијаспората и интеграција и уште неколку други области релевантни за градење капацитети во менаџирањето на миграцијата и движењето на населението помеѓу двете земји, истакнал министерот Спасовски во изјава за швајцарските медиуми. цр/са/

Остани поврзан