• петок, 08 ноември 2024

Спасовски: Со протоколите потпишани со Албанија ја интензивираме соработката во борбата со организираниот криминал и се олеснува преминувањето на границите

Спасовски: Со протоколите потпишани со Албанија ја интензивираме соработката во борбата со организираниот криминал и се олеснува преминувањето на границите
Скопје, 14 ноември 2022
Денеска, (14.11.2022), министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со својот албански колега, Бледар Чучи, на заедничката меѓувладина седница помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, потпишаа два акта со кои двете држави потврдуваат идна поинтензивна соработка и успех во заедничката борба со организираниот криминал, зацврстување на прекуграничната соработка и реализација на многу заеднички акции.Интегрално обраќање на министерот Спасовски:Почитувани присутни,Почитувани гости колеги од Република Албанија,На самиот почеток, Ви посакувам добредојде на сите Вас и во мое лично име и во име на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија Ви се обраќам со следново:Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи на Република Албанија, бележат одлична и успешна меѓусебна билатерална соработка која е на доста високо професионално, стратешко и оперативно ниво. Заедничкиот интерес за унапредување и продлабочување на билатералната и оперативна меѓународна соработка е изразена, меѓу другото, преку заложбите за подобрување на добрососедските односи и развивање на регионалната соработка, особено на полето на прекуграничната соработка, како и успешното спроведување на имплементациските Протоколи на Конвенцијата за полициска соработка во ЈИЕ и заедничкото учество во Регионалните иницијативи.
Во рамки на оваа наша заедничка владина седница, денес, јас како Министер за внатрешни работи на Република Северна Македонија предложив 2 акти за потпишување.
Првиот, Протокол помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Министерство за внатрешни работи на Република Албанија за начинот на вршење или спроведување на заеднички гранични проверки на заедничкиот граничен премин ЌАФАСАН/QAFË THANË.Овој Протокол произлегува од член 16 од Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на Министри на Република Албанија за воспоставување на заеднички граничен премин помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, каде двете Страни, односно институциите на двете земји должни се да потпишат имплементациски Протоколи. Со потпишувањето на овој Протокол ќе се олесни преминувањето на патниците и ќе се скрати времето на чекање на државната граница. Секако, со оглед на моменталната теренска состојба на преминот Ќафасан, а во однос на градежните работи на овој граничен премин, од страна на Царинска Управа информирани сме дека се во почетна фаза, и се очекува во текот на оваа година да има голем градежен зафат за реновирање на истиот. Тогаш граничниот премин ќе се адаптира согласно условите за спроведување на Договорот.Вториот, Договор меѓу Влада на Република Северна Македонија и Совет на Министри на Република Албанија за формирање на заеднички работни тимови во областа на безбедноста.Овој Договор е предложен во насока на унапредување на меѓусебната соработка, особено во борбата против организираниот криминал. Спроведувањето на еден ваков меѓународен билатерален акт ќе придонесе кон сузбивање на опасности по безбедноста и ефективнa борба против меѓународниот организиран криминал преку безбедносното партнерство со помош на координирани активности.Исто така, со склучувањето на истиот би се остварила директна соработка помеѓу двете полиции, односно помеѓу нивните работни тимови кои би се формирале, во насока на меѓусебна размена на информации, спроведување координирани активности, разгледување на соодветни тактики и други дејствија поврзани со кривични дела за чие расветлување е повеќе од потребна координирана и усогласена акција.Уште еднаш би сакал да потенцирам дека, дополнително, со потпишувањето на Протоколот и Договорот, Република Северна Македонија и Република Албанија потврдуваат идна поинтензивна соработка и успех во заедничката борба со организираниот криминал, зацврстување на прекуграничната соработка и реализација на многу заеднички акции.
Сектор за односи со јавност и протокол
Министерство за внатрешни работи
————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан