• понеделник, 23 декември 2024

Спасовски: Со здружени сили чекориме на патот кон интеграција во ЕУ

Спасовски: Со здружени сили чекориме на патот кон интеграција во ЕУ

Скопје, 13 јули 2023 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва во Старата скопска чаршија присуствувал на прием по повод Денот на државноста на Црна Гора, на покана на амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ.

- Со здружени сили чекориме на патот кон интеграција во ЕУ и остануваме цврсто посветени на заложбите за унапредување на соработката во борбата против организираниот криминал и корупцијата, илегалната миграција и сајбер заканите, како и за подобрување на севкупната безбедност во регионот. Честит да е Денот на државноста на Црна Гора!, напиша на неговиот фејсбук профил министерот Спасовски.

На приемот бил изведен мултимедијалниот проект „Вечер на мултикултурноста на Црна Гора”, како дел од програмата на Фестивалот „Скопско лето”. цр/аа/

Фото:фејсбук Оливер Спасовски

Остани поврзан