• сабота, 21 декември 2024

Спасовски очекува мирно да помине отворањето на македонскиот клуб во Благоевград

Спасовски очекува мирно да помине отворањето на македонскиот клуб во Благоевград
Скопје, 29 октомври 2022 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски очекува отворањето на македонскиот културен клуб во Благоевград да помине мирно. Тој во дневникот на „Сител“ прашан дали очекува мирно да помине утрешниот настан и каква е можноста за некакви проблеми со оглед на тоа дека се најавени протести, одговори дека тензии секогаш има, но дека безбедносните служби се тие кои треба да го сочуваат мирот и стабилноста. - Генерално имаме одлична соработка со сите безбедносни служби, министерства од регионот и тоа е наша задача - да се сочува пред сѐ националната безбедност и сигурност на граѓаните и државата, меѓутоа да ја зачуваме и сите заеднички нашата регионална безбедност. Така да постојат информации, податоци, се разменуваат, се прават проценки на ризик во секој од овие делови и апсолутно мислам дека како што се преземаат мерки во Република Северна Македонија за организација на било кој настан, ќе треба да се обезбеди и тој настан којшто се реализира во Бугарија, рече Спасовски. бак/

Остани поврзан