• сабота, 23 ноември 2024

Спасовски: „Опремена полиција - безбедни граѓани“

Спасовски:  „Опремена полиција - безбедни граѓани“

Скопје, 6 август 2023 (МИА) - Деновиве, Одделот за воздухопловни единици, на дело го докажа нашиот утврден концепт „Опремена полиција - безбедни граѓани“! Продолжуваме со усовршувањето и со континуирана поддршка на други институции при справување со итни и кризни состојби, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Фејсбук.

Пожарите кои изминатата недела го погодија регионот, за жал, како што нагласи Спасовски, не ја одминаа ни нашата земја, а благодарение на успехот на припадниците на Хеликоптерската единица за полициски намени и на Хеликоптерската единица за посебни намени при Одделот за воздухопловни единци, кои дејствуваа во гасење пожари низ државата - во реонот на Свети Николе, реонот на Дојран, реонот на Богданци, реонот на Демир Капија, велешка Отовица, како и Гоцева Шума, тие беа ставени под контрола.

Притоа, како што додаде тој, користени се хеликоптерите на МВР (Мi171 и Bell412). Со над 70 наврати и прецизно исфрлени 185 тони вода врз најкритичните точки, како и со помош на локалните пожарникари, со што пожарите се изгаснати.

-За потсетување, во изминатиот неколкугодишен динамичен период на развој беше инвестирано во низа неопходни инфраструктурни потреби на оваа Единица, не само од аспект на материјално-техничките потреби, туку паралелно се работеше и на одржување на високо технолошко ниво – преку редовно ремонтирање на леталата и нивна модернизација, како и набавка на опрема на леталата и за оперативни активности од спасувачки карактер, особено во делот на гаснење пожари. Имено, препознавајќи ги потребите на државата за поуспешно справување со пожарите, а со тоа и подобра заштита на граѓаните и имотот, МВР ја опреми Единицата со 3 хеликоптери марка „Бел“, кои беа оспособени за гаснење на пожари, за да одговорат на потребите на граѓаните. Притоа, беше набавено едно ведро за „Бел 212“ и Симплекс резервоар за „Бел 412“ кои ги гледаме на дело. За да се овозможи успешно користење на опремата, беше спроведена меѓународна обука, и тоа за носење подвесен товар и за гаснење на пожари. Обуката успешно ја завршија и се сертифицираа сите пилоти на Хеликоптерската единица за полициски намени, напиша Спасовски на Фејсбук. дма/сст/

Фото: Фејсбук на Оливер Спасовски 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Остани поврзан