• сабота, 27 јули 2024

Спасовски: Објектот ОВР Делчево за првпат целосно реконструиран

Спасовски: Објектот ОВР Делчево за првпат целосно реконструиран
Скопје, 10 септември 2022 (МИА) - Објектот на ОВР Делчево е целосно реконструиран, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по денешната посета на објектот. Тој на неговиот фејсбук профил истакна дека за оваа реконструкција се одвоени 20 милиони денари. - ОВР Делчево е 76 реконструиран објект - изграден во 80-те години и сега за прв пат целосно реконструиран, во сите градежни аспекти со средства од буџетот на МВР во висина од околу 20 милиони денари, почитувајќи ги притоа сите современи градежни стандарди, вклучително и стандардите за енергетска ефикасност, а во насока на драстично подобрување на условите на секојдневно работење на нашите колеги од оваа организациона единица и се разбира во интерес на граѓаните и услугите што полицијата како нивен сервис ги остварува, истакна министерот Спасовски. свс/дма/

Остани поврзан