• понеделник, 23 декември 2024

Спасовски: Мицкоски треба да каже дали продолжуваме кон ЕУ или има алтернатива

Спасовски: Мицкоски треба да каже дали продолжуваме кон ЕУ или има алтернатива

Скопје, 8 октомври 2024

Факт е дека ние имаме застој во евроинтеграцискиот процес. За СДСМ тоа не е неочекувано. Но јавноста го очекува планот на Владата, како ќе се смени преговарачката рамка и како ќе ги продолжиме европските интеграции, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски во „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија.

-Ние го очекуваме планот на власта. Како ќе се смени преговарачката рамка? Како ќе обезбеди подобра позиција. Јас го кажувам тоа што го соопштија од ВМРО-ДПМНЕ. Ветија дека ќе обезбедат поповолна преговарачка рамка. Сега е моментот што ќе понуди Владата. Спремни сме да разговараме но да го видиме планот, рече Спасовски.

Изборниот процес покажа дека аргументите кои ги изнесе ВМРО-ДПМНЕ пред кампањата добија поддршка, како на пример, да се разговара за менување на Преспанскиот договор, за промена на Преговарачката рамка, потенцираше Спасовски читајќи цитати од изјави на Мицкоски и претставници на ВМРО-ДПМНЕ.

-Еве што кажува Мицкоски: „Преспанскиот договор не е завршена работа“. „Нема да употребам Северна никогаш“. “Мицкоски тврди дека има план за подобра Преговарачка рамка“. Ние сега очекуваме да видиме кој е планот за ова. И врз основа на тоа да изградиме заеднички став. Но да го видиме предлогот прво, додаде Спасовски.

-Дали продолжуваме по европскиот пат или има некоја алтернатива. Не само декларативно да се кажува дека се за ЕУ. Во време на опозиција ВМРО-ДПМНЕ немаше чекор,  сега како власт немаат ниту еден чекор мрднато во делот на евроинтеграциите. Изборите покажаа дека друга партија на овие прашања, никогаш Северна, рушење на Преспанскиот договор, промена на преговарачка рамка доби 58 пратеници, сега ние тој план го очекуваме, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски. 

Кредитот од Унгарија е договорен целосно вонинституционално, уште кога актуелната власт беше опозиција, тоа отвора многу основани сомнежи, особено што има недефинирани трошоци, провизија и начин на реализација, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски во емисијата "Само вистина" на Канал 5 Телевизија.

-Имаме недефинирани трошоци за кредитот во законски рамки. Тоа остава простор да бидат повеќе а не да бидат точно дефинирани. Тоа се сериозни основани сомневања. Денеска ќе се потпише кредитот.  Но, Законот е веќе донесен за задолжување во Собранието, и во тој законски текст нема одредби кои треба да се јасни пред граѓаните. Како на пример провизијата. Овие суми се ставаат во законски текст за никој да не може да измрда понатаму., рече Спасовски.

Нема доволно информации како парите ќе бидат распределени во стопанството, се сомневаме и во делот на тоа како ќе биде целата реализација.
-Моите информации говорат дека најголем број градоначалници аплицираат со проекти кои не се ревидирани, кои немаат дозволи за градби и тоа може да биде проблем за реализација.   Од друга страна се уште немаме информации како тие средства ќе бидат поделени на стопанството, како ќе бидат поделени на компаниите, со кои камати ќе се доделуваат, рече Спасовски.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

__________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: СДСМ

Остани поврзан