• среда, 25 декември 2024

Спасовски: Истрагата за случувањата во РЕК Битола се води во ЈО

Спасовски: Истрагата за случувањата во РЕК Битола се води во ЈО
Скопје, 3 јуни 2021 (МИА) – Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки денеска информира дека истрагата за случувањата во РЕК Битола се води во Јавното обвинителство и таму нема нешто што не е доставено и што го имало како информација во МВР, а не е споделено со јавниот обвинител. Според него, обвинителството располага со сите документи и во секој момент може да издаде наредба за обезбедување нови докази. Во однос на изнесување на документи од МВР, пред се класифицирани документи, министерот Спасовски потенцираше дека мора да прекине тој начин на комуникации. -  Разбирам дека посоти желба тоа да го прават. Најавија неколку пати во медиумите дека имаме отворено посебна оперативна обработка – објава, што значи секој еден кој е вработен ќе мора да се придржува до законските прописи и тие документи што ги има да ги споделува таму каде што со закон е дозволено. Најавив дека ќе имаме и актуелни припадници на полициски служби и поранешни началници и раководители итн., кои веќе се сомничат и за кои имаме собрано докази. Овие работи не треба да ги драматизираме, тие што прават штета на институцијата е една работа и треба да одговараат заради тоа што го нарушуваат системот и довербата кај граѓаните, изјави министерот Спасовски. цр/ац/

Тагови

Остани поврзан