• среда, 25 декември 2024

Спасовски: Доколку истрагата за двојното убиство се прошири и има нови барања од Обвинителство, МВР ќе постапи 

Спасовски: Доколку истрагата за двојното убиство се прошири и има нови барања од Обвинителство, МВР ќе постапи 

Скопје, 26 декември 2023 (МИА) - Случајот со двојното убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски од аспект на Министерството за внатрешни работи е расчистен, изјави министерот, Оливер Спасовски кој по презентацијата на проектот „Петарди не-безбедност пред се“ во Скопје одговараше на новинарско прашање дека уште вечерта кога беше уапсен првоосомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски случајот е решен, а две недели подоцна нема обвинение и пред неколку дена пристигна обудикцискиот извештај. 

-И тогаш кажав и сега повторувам дека случајот од аспект на Министерството за внатрешни работи е расчистен во целост, за сите други аспекти од истрагата ќе се обратите во Обвинителството и сите овие аспекти, којшто ве интересираат ќе ги добиете, рече Спасовски. 

Министерот за внатрешни работи, Спасовски е дециден дека  случајот е комплетиран од страна на министерството, но доколку се процени да се прошире истрагата и да се добијат други барања и насоки од страна на Обвинителство, во тој случај какошто вели Спасовски „МВР е тука да постапува“. вдј/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан