• понеделник, 26 август 2024

Спасовски: Дневно 500 до 650 полициски службеници помагаат во гасење на пожарите

Спасовски: Дневно 500 до 650 полициски службеници помагаат во гасење на пожарите
Скопје, 13 август 2021 (МИА) - Деноноќно на терен се и припадниците на сите специјални единици на полицијата, кои несебично помагаат во гасење на пожарите, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот ФБ профил. Тој објави дека МВР во целост ги става своите капацитети, дневно со по 500 до 650 полициски службеници, 200 мотопатроли, 200 возила и 200 до 210 пунктови за контрола. цр/лв/

Остани поврзан