• вторник, 24 декември 2024

Спасовски: Денот на албанската азбука е празник од голема важност за Албанците, доказ дека јазикот и писмото се мостови до заедниците

Спасовски: Денот на албанската азбука е празник од голема важност за Албанците, доказ дека јазикот и писмото се мостови до заедниците

Скопје, 22 ноември 2023 (МИА) - Албанското писмо станува дел од рамноправните, модерно формирани европски писма и дел од разноликото светското културно наследство. Обединети во различностите продолжуваме на патот на нашата интеграција во Европската Унија, напиша денеска на својот фејсбук профил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по повод Денот на албанската азбука - 22 Ноември.

Спасовски потенцира дека  Денот на албанската азбука е празник кој има голема важност за сите Албанци, како доказ дека јазикот и писмото се мостови до другите заедници, традиции, култури и духовни наследства.

-Дозволете ми во свое и во име на МВР да ви го честитам Денот на албанската азбука, празник кој има голема важност за сите Албанци, како доказ дека јазикот и писмото се мостови до другите заедници, традиции, култури и духовни наследства. На 22 ноември 1908 година во Битола заврши заседавањето на учесниците на Битолскиот конгрес, истакнати албански личности од културниот и политичкиот живот, кои едногласно прифатија одлука за унифицирана албанска азбука. Параскеви Киријази, единствената жена која учествувала на Битолскиот конгрес и која подоцна го напиша првиот буквар на стандардизираниот албански јазик и азбука која што е во употреба до денешен ден, потенцира Спасовски.

Тој додава дека албанското писмо станува дел од рамноправните, модерно формирани европски писма.

-Впрочем, токму на тоа нè повикуваат и европските вредности, како наши вредности воспоставени со концептот Едно општество за сите - солидарност, соживот, меѓусебна почит. Нека е за многу години Денот на албанската азбука, пишува Спасовски на Фејсбук. бт/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан