• петок, 20 декември 2024

Спасовски: Го осудувам пристапот на Бугарија, но за знамето, вина има Кабинетот на Силјановска

Спасовски: Го осудувам пристапот на Бугарија, но за знамето, вина има Кабинетот на Силјановска

Скопје, 21 септември 2024

Осудувам пристап каков што го имаше Бугарија во однос на Претседателката на државата, со неистакнување на знамето, меѓутоа тука има вина и одговорност кај Претседателката односно кај нејзиниот кабинет, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски во емисијата Трилинг.

-Не може државата да биде „повторно горда“ а вие самите себе да се потценувате а со тоа и граѓаните на Македонија да ги потцените. Постоеле механизми како тоа да се среди и  да не дојде до ваква ситуација. Добро е да бидеме заштитници но на соодветен начин и време и на дело да се покаже дека сакате да ги заштитите националните интереси. Тоа бил моментот, кога се увидело дека не се почитувале протоколите да се реагира, прашање е дали требало да се одржи една таква средба, рече Спасовски 

Ако претседателката на државата не го штити достоинството на државата и на граѓаните, од кого очекуваме. Очекуваме дека со реакции отпосле ќе направиме нешто? Не, прво тоа треба да се превенира, додаде тој.

Треба да се напушти процесот на нарушување на односите на сите околу нас, кој наместо партнер да го правиме противник на Македонија. Не би сакал да се случи нова фаза на изолација, тоа нема да биде добро да земјата, вели  Спасовски.

-Често пати се поставува дилема во јавноста дали декларативните заложби кои како опозиција ги имаше актуелната власт за членство во ЕУ се и реални. Досега често пати имавме изјави со скепса за нашиот пат кон ЕУ, но досега никој нема понудено алтернатива. Која е алтернативата доколку државата не се движи по европскиот пат? За нас како СДСМ тоа е јасно, нема алтернатива. Дали постојат фрустрации кај граѓаните од тоа што долго трае процесот за прием на државата, да. Но, во тој правец треба да се преземат чекори. И од Европската унија секако. Но апсолутно не можам да се согласам дека се некој друг ни е виновен за она што владата не може да го постигне. Напротив, сметам дека треба сериозно и посветено да се работи на таа европска агенда, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски во емисијата Трилинг.

Центар за комуникции со јавност на СДСМ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан