• вторник, 24 декември 2024

Спасовски ги посети полицајците кои беа повредени за време на протестите

Спасовски ги посети полицајците кои беа повредени за време на протестите
Скопје, 22 јули 2022 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во ПЦ „Ѓорче Петров” ги посетил полициските службеници кои беа повредени за време на протестите. Во свое име и во име на МВР, напиша на фејбук профилот минситерот Спасовски, им оддавам признание за припадниците на македонската полиција за пожртвуваноста, посветеноста и присебноста при обезбедувањето на мирот и стабилноста на граѓаните и на виталните државни институции за време на протестите, а воедно да им посакам брзо закрепнување. Спасовски потсетува дека беа повредени вкупно 54 полициски службеници, од кои 11 потешко повредени, а двајца со сериозни повреди, а притоа би потсетил, напиша, и на фактот дека за време на протестите од страна на полицијата не беа употребени ни пиротехнички, ниту хемиски средства за разбивање на толпата, а со огромно задоволство можам да кажам дека не е повреден ниту еден граѓанин. Во обезбедувањето на протестите учествуваа припадници на Одделот за специјални полициски операции - ЕБР, ЕОП, како и полициски службеници од СВР Скопје - на сите припадници кои секојдневно учествуваа во работните задачи и спроведување на мерките, кои беа во првите редови, објави министерот, сакам да оддадам посебно признание, за разумните одлуки, за енергичноста, истрајноста, исклучителната посветеност и професионализмот. - Уште еднаш сакам да потенцирам дека македонската полиција имаше огромна одговорност, бидејќи протестите кои немаат основа, не се пријавени, односно се базираат на пропаганда, секогаш имаат хибридни методи и креираат своја искривена претстава во јавноста. Токму во таа насока би ја потенцирал и поуката од сето ова - што значи напад врз полициски службеник, не само за време на протести, туку генерално. Нападот врз полицаец е напад врз државата и за тоа свеста мора да биде на највисоко ниво, напиша на фејсбук Спасовски. цр/аа/

Остани поврзан