• сабота, 16 ноември 2024

Спасовски: Влашката заедница секогаш била силен елемент во нашата заедничка борба за слобода, правда и независност

Спасовски: Влашката заедница секогаш била силен елемент во нашата заедничка борба за слобода, правда и независност
Скопје, 23 мај 2021 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска упати честитка до граѓаните по повод 23 Мај - Националниот ден на Власите. -Денеска го одбележуваме 23 Мај, Националниот ден на Власите, и ова е можност да оддадеме признание на влашкиот народ на вековниот стремеж за зачувување и промовирање на својот сопствен јазик, култура и традиција, се вели во честитката. Влашката заедница, како што се наведува, секогаш била силен елемент во нашата заедничка борбата за слобода, правда, независност и државност. мд/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан