• среда, 20 ноември 2024

Спасовски: Акцијата „Безбеден град” нема да престане

Спасовски: Акцијата „Безбеден град” нема да престане

Скопје, 17 февруари 2023 (МИА) - Во тек е акцијата „Безбеден град“ која, како што вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, покажува уште подобри резултати во смисла на справување со сите предизвици кои ги имаме на безбедносен план и од акцијата „Безбедно лето“.

-Сакам да упатам јасна порака дека оваа акција „Безбеден град” нема да престане. Ова го кажувам затоа што се пласираат шпекулации и невистини, пред се од групи на криминалци кои не им одговара една ваква оперативна акција и морам денеска нив да ги разочарам, а на задоволство на сите граѓани на Република Северна Македонија да укажам дека таа активност ќе продолжи во наредниот период, се со цел да ги постигнеме максимално целите а тоа е мир, безбедност и стабилност на секој еден граѓанин на територијата на Република Северна Македонија, објави на Фејсбук министерот Спасовски. дма/мч/

Остани поврзан