Спасени сите осум лица од заглавената жичница во Пакистан
- Пакистанската армија денеска спаси шест деца и двајца возрасни, кои беа заробени во жичницата, заглавена на висина од околу 370 метри над длабока бездна откако се скина кабел.

Исламабад, 22 август 2023 (МИА) - Пакистанската армија денеска спаси шест деца и двајца возрасни, кои беа заробени во жичницата, заглавена на висина од околу 370 метри над длабока бездна откако се скина кабел.
Операцијата со висок ризик е успешно завршена по повеќе од 15 часа, јавија светските агенции.
Децата со жичницата патувале на училиште во оддалечената планинска област Батаграм, околу 200 километри северно од Исламабад, соопштија властите. рп/
Фото: Скриншот од „Икс“