Спанулис не сака да зборува за настапот на Адетокумбо
- Кошаркарската репрезентација на Грција веќе одигра четири контролни натпревари за Евробаскетот, но на ниту еден не настапи нивниот прв играч
Атина, 15.август 2025 (МИА) - Кошаркарската репрезентација на Грција веќе одигра четири контролни натпревари за Евробаскетот, но на ниту еден не настапи нивниот прв играч. Ѕвездата на Грција и НБА тимот Милвоки Јанис Адетокумбо не игра поради недоразбирањето меѓу грчката федерација и НБА клубот околу осигурувањето на играчот.
Како се ближи почетокот на Европското првенство настапот на Адетокумбо е се понеизвесен, иако од грчката федерација сметаат дека нема никакви дилеми дека играчот ќе биде во ростерот.
Често ситуацијата со крилниот играч е тема и за селекторот на Грција Василис Спанулис, кој на прашањата за настапот на играчот последниот пат кусо одговори дека Јанис ќе биде на располагање и дека се е според планот и од сабота почнува со тренинзи со тимот. мн/
Фото: ЕПА