• сабота, 27 јули 2024

Спалети: Победата над Лече ни дава можност мирно да се подготвуваме за следните натпревари

Спалети: Победата над Лече ни дава можност мирно да се подготвуваме за следните натпревари

Неапол, 8 април 2023 (МИА) – Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети го пофали својот тим за победата над Лече извојувана вчера на гостински терен.

 

- Тешко да се игра со Лече на гостински терен. Тие имаат добри резултати против сите големи клубови. Ова е добро организиран тим кој ја дава сета своја сила во важни ситуации. Му кажав на Барони (главниот тренер на Леч) дека го проучувавме неговиот тим, но не беше лесно да се земат бодови. Имавме неколку играчи кои не беа максимално подготвени, но овој резултат ни дава можност мирно да се подготвиме за следните натпревари, изјави Спалети.

 

Наполитанците во среда ќе играат на гости кај Милан во првиот натпревар од четвртфиналетофиналето во Лигата на шампионите.

 

Во Серија А, Наполи за кого настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, е убедлив лидер со 74 бодови од 29 натпревари. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан