• среда, 27 ноември 2024

Спалети им забрани на фудбалерите да носат конзоли за игри во репрезентацијата на Италија

Спалети им забрани на фудбалерите да носат конзоли за игри во репрезентацијата на Италија

Рим, 25 февруари 2024 (МИА) - Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Лучијано Спалети им забрани на своите избраници со себе да носат конзоли за играње.

- Некои играчи сигурно веруваа дека Спалети лае и не гризе, но не беа во право и сега треба да разјасниме некои работи. Отсега ќе го остават „PlayStation“ дома и повеќе нема да го носат со себе. Ќе им смислам мала игра за да им го одвлечам вниманието навечер. Ќе дојдат кај мене и ќе им давам задачи навечер ако не е им е интересен денот. Затоа што во репрезентацијата треба да останете на вистинскиот пат, да се концентрирате и да не се залажувате. Италијанците бараат кул и одговорен тим, цврст и храбар. Луѓето доаѓаат во репрезентацијата за да го освојат Европското првенство, а не да го освојат „Call of Duty“, изјави Спалети, за италијанските медиуми.

Репрезентацијата на Италија на Европското првенство 2024 во групата ќе се сретне со Шпанија, Хрватска и Албанија.

Следниот натпревар Италијанците го играат на 22 март. Избраниците на Спалети ќе се сретнат со Венецуела во пријателски натпревар. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан