• недела, 24 ноември 2024

Со 9,2 милиони евра ќе се поддржат над 350 проекти за модернизација на земјоделски  стопанства

Со 9,2 милиони евра ќе се поддржат над 350 проекти за модернизација на земјоделски  стопанства
Скопје, 4 јануари 2020 (МИА) - Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги информира апликантите од 2020 година за финансиска поддршка преку ИПАРД 2 програмата, Мерка 1  „Инвестиции во материјални средства за модернизација на земјоделски стопанства “, дека во финална фаза е обработката на  пристигнатите и комлетни барања. Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека се очекува да се одобрат над 350 соодветни барања, а апликантите во наредниот период ќе бидат повикани за да ги потпишат договорите. -Вкупната финансиска поддршка за сите над 350 барања изнесува 9,2 милиони евра. Со потпишување на овие договори, целосно ќе биде искористен буџетот за Мерка 1 „Инвестиции во материјални средства за модернизација на земјоделски стопанства“ кои беа одобрени со програмскиот опериод 2014 – 2020, односно, ќе се преземат финансиски обврски за сите расположиви средства од оваа мерка, истакна Бачовски, соопшти АФПЗРР. Преку оваа мерка се реализираат инвестиции кои се однесуваат на приоритетните сектори: растително, сточарско производство, преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на земјоделското стопанство, производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка. Финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратен грант во износ од: 60 отсто од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за оваа мерка. Процентот се зголемува до 65 отсто за инвестиции во земјоделски стопанства предложени од страна на млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 години до 40 години на денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка) и 70 отсто за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области. -Преку искористувањето на средствата од ИПАРД 2, Северна Македонија ќе обезбеди достигнување на стандардите на Европската Унија кои се однесуваат на квалитет и безбедност на храна, јавно здравје, заштитата на животната средина, заштита на растенијата и на животните, благосостојба на животните, како и поддршка за одржливо управување со природните ресурси и подобрување на условите за живот во руралните средини и руралната економија во целост, се вели во соопштението од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.нд/лв/

Остани поврзан