• среда, 25 декември 2024

Со театарска претстава, мини концерт и изложба се претставија членовите од проектот „Творилница“

Со театарска претстава, мини концерт и изложба се претставија членовите од проектот „Творилница“
Скопје, 10 јуни 2021 (МИА) - Со театарска претстава, мини концерт, изложба и читање на авторски дела вчера на терасата на Градскиот трговски центар-Скопје се претставија членовите на уметничките клубови кои се дел од проектот „Творилница“. Публиката имаше можност да го проследи мини концертот со песни на Abba. Театарскиот клуб се претстави со виедо-театар. И двата настапи се прикажуваа онлајн. На терасата на ГТЦ исто така беа изложени и дела на учениците од онлајн работилниците за цртање и ликовна уметност, а учесниците во писателскиот читателски клуб претставија нивни авторски песни, есеи и интерактивни книги. Раководителката на проектот „Творилница“, Илијана Атанасова, во своето обраќање посочи дека нивниот основен стремеж е инвестиција во творечки иницијативи и подготовка во сите области на науката, технологиите и уметноста, поврзани со интересите и талентите на нашите деца. Проектот „Творилница“ е финансиран од Бугарската помош за обнова и развој, доделена од бугарското Министерство за надворешни работи. Проектот се реализира од невладината организација „Здравеј“, Скопје во периодот од мај до септември 2021 година. Сите дела на учениците ќе бидат собрани во брошура, која ќе биде достапна на интернет страницата на академијата „Здравеј“.бт/дма/

Остани поврзан