• петок, 05 декември 2025

Со тактичко - показна вежба и крводарителска акција во Крива Паланка одбележан 20 Мај,  Денот на пожарникарите

Со тактичко - показна вежба и крводарителска акција во Крива Паланка одбележан 20 Мај,  Денот на пожарникарите

Крива Паланка, 20 мај 2025 (МИА) - Тактичко-показна вежба за гаснење пожар на бензинска пумпа во соработка со повеќе локални институции, беше дел од активностите на Територијалната противпожарна единица, Крива Паланка за одбележување на Денот на пожарникарите, 20 мај.

-Вежбата се спроведе на бензинскатa на обиколницата во градот, со симулација на сите неопходни чекори и постапки што се превземаат во реална ситуација на настанување пожар на еден ваков објект. Учесници и соработници во вежбата беа нашите вработени – пожарникари и спасители, вработените на бензинската пумпа, ОВР Крива Паланка и волонтери од општинската органзиација на Црвен Крст Крива Паланка, кои с енаши редовни соработнции. Целта е да се демонстрира пред граѓаните и истовремено да се реализира експедитивно целокупната постапка на сите чинители при вакви ситуации, изјави Иле Коцевски, командир на ТППЕ Крива Паланка.

Покрај традиционалната крводарителска акција посветена на 20 Мај, во соработка со Институтот за трансфузиска медицина - Скопје што денеска се спроведува прв пат во двете основни училишта од градот, ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ и ООУ „Илинден“, ТППЕ организираше натпревари за ракување со противпожарна опрема - пумпа за вода т.н. брентача. ид/мч/

фото: Општина Крива Паланка 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан