• вторник, 24 декември 2024

Со стенд-ап комедија заврши Меѓународниот фестивал за хумор, сатира, афоризам и карикатура ,,Пијанец - 2023" Делчево

Со стенд-ап комедија заврши Меѓународниот фестивал за хумор, сатира, афоризам и карикатура ,,Пијанец - 2023

Делчево, 10 септември 2023 (МИА) –  Со стенд-ап комедијата „Првиот Алцхајмер не се заборава“ во изведба на тричлениот состав „Грбаве Танге“ од Белград, синоќа во Делчево заврши Меѓународниот фестивал за хумор, сатира, афоризам и карикатура „Пијанец – 2023“. Настапот на белградските уметници претставуваше концептуална комедија која комбинира класична форма на перформанс вклучувајќи стенд-ап настап, импровизации, како и изведба на класични и рок песни.

- Ова е вид на програма која луѓето првпат ја гледаат и секогаш е тука варијантата за која нема подготовки и не си сигурен однапред како некој човек ќе изреагира. Мене секогаш ми е подобро да се претставиш на различни места, а вечерва беше навистина добро. Кога погледнав на часовникот не видов колку брзо пролета времето, така што за мене тоа е показател дека ние се чувствувавме добро, а верувам и публиката, така што фала Ви, рече стенд-ап комичарот Миодраг Стошиќ.

За сатиричарот Миле Ѓорѓијоски кој е иницијатор на фестивалот, подобар крај од овој, фестивалот не можел да има, потенцирајќи го самиот настап на стендап комичарите како одлична понуда за публиката.

- Навистина и да сакавме подобар крај на фестивалот не можевме да имаме од овој перформанс на Грбаве Танге од Белград. Јас се надевам дека со нив ќе се дружиме повторно на „Пијанец“ без разлика дали тоа ќе биде во 2024, 2025 година. Секако дека по ова ќе ги бараат нашите поклоници на хуморот, сатирата и афоризмот, а посебно на стенд-ап комедијата, рече Ѓорѓијоски.

Програмскиот директор на НУ ЦК „Н.Ј. Вапцаров“ изрази задоволство од присуството на делчевската публика и покрај продолжениот викенд.

- Ова беше малку незгоден ден за публика, продолжен викенд, спортски натпревари Македонија со Италија, но јас сум презадоволен од присутноста. Се разбира дека доколку љубителите на стендап комедијата изразат желба, повторно би организирале нешто слично, не само за овој фестивал туку во друга прилика, рече Толевски.

Фестивалот „Пијамец-2023“ Делчево во чии рамки претходно се одржа Вечер на хумор сатира, афоризам и карикатура се организира по проект на Националната установа Центар за култура „Никола Јонков – Вапцаров“ со поддршка на Министерството за култура. вс/ир

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан