• вторник, 24 декември 2024

Со Романија ќе бараме европски пари за да создадеме нормални услови за пловидба по Дунав, изјави министерот Николај Сабев

Со Романија ќе бараме европски пари за да создадеме нормални услови за пловидба по Дунав, изјави министерот Николај Сабев
Софија, 14 мај 2022 (МИА) - Министерот за транспорт Николај Сабев учествуваше на церемонија на именување на на новоизградениот маневарски брод „Искар“, сопственост на Извршната агенција за „Проучување и поддршка на реката Дунав“, соопшти прес-центарот на Министерството за транспорт. Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор. За време на настанот, тој рече дека земјата заедно со Романија ќе бара европски финансиски средства, кои во следните неколку години ќе создадат нормални услови за пловидба по Дунав повеќе денови во годината и со поголем капацитет на бродови. Ги забрзуваме чекорите кон реално спроведување на мерките поставени во проектот „Брз Дунав“, додаде Сабев, коментирајќи дека треба да се формира бугарско-романска структура која ќе аплицира со заеднички проект за европско финансирање од Механизмот за поврзана Европа. Министерот објасни дека е време Бугарија да почне ефикасно да ги исполнува своите обврски за одржување на бродската рута, што пак значително ќе ја зголеми економската ефикасност на флотите на Дунав. „Искар“ е најновата компонента од опремата на Агенцијата, со кој сега ќе може сама да ги врши активностите за продлабочување на реката. Се очекува, по спроведување на потребната обука на екипажот во текот на летото да почнат првите реални активности, информираат од Министерството за транспорт. Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА

Остани поврзан