Со рамноправен дијалог на историската комисија до конкретни резултати, оценува Пендаровски, за Петков посетата на Скопје не е избрзана туку многу задоцнета
- Претседателот на државата Стево Пендаровски смета дека реториката што се слуша од бугарските членови на Заедничката комисија за историски и образовни прашања ќе ја отежнува нејзината работа и



Според шефот на бугарската држава, Радев, посетата на премиерот Кирил Петков на Северна Македонија била избрзана и според него, секоја избрзана акција на бугарската влада, секој позитивен прелиминарен сигнал може погрешно да се протолкува како некакви отстапки од бугарска страна.
Во однос на средбата на претседателот Пендаровски со ОМО Илинден, Радев рече дека „за жал постапките и однесувањето на претседателот на Северна Македонија не придонесуваат за толку посакуваниот напредок на РСМ кон ЕУ“.
- Секое барање за реципроцитет во граѓанските права е контрапродуктивно. Македонските Бугари се борат за еднаквост, која ќе биде загарантирана во нивниот устав со регистрирање. Тие се борат за нивна целосна интеграција во јавниот живот на државата, рече претседателот Радев. Тоа е радикално различно од сепаратистичките ставови и малцинските тврдења што ги исповедува народот со кој се среќава претседателот Пендаровски, рече Радев.
Тој додаде дека Бугарија е секогаш отворена за дијалог и оти се во контакт се со претседателот Пендаровски, „но ќе бараме погоден момент за средба на високо ниво, секако зависи и од неговите постапки“.



