• сабота, 27 јули 2024

Со претставата „Анатомија на неверството" на Театар комедија затворен театарскиот фестивал во Крива Паланка

Со претставата „Анатомија на неверството

Крива Паланка, 8 октомври 2023 (МИА) - Завесата на јубилејното издание на Меѓународниот театарски фестивал „Св.Јоаким Осоговски" во Крива Паланка е спуштена, а програмата ја затвори актерската екипа на Театар Комедија од Скопје со претставата „Анатомија на неверството".

- Петнаесеттиот театарски фестивал траеше десет дена, настапија девет театри од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и од Северна Македонија. Благодарност до сите театри и актерки што го збогатија фестивалот и ја почестија публиката со претстави за паметење. Благодарност до граѓаните што во сите десет дена театар во Крива Паланка беа редовни посетители на претставите на штиците што живот значат во НУ Центар за култура и благодарност до Фондацијата "Заев-едно општество за сите" што го поддржа јубилејното фестивалско издание. Културата е промотор на позитивни вредности во заедницата, продолжуваме да работиме и да вложуваме , покрај во сите области за подобро утре на сите наши жители, и во културата, велат од Општина Крива Паланка, организатор на театарскиот фестивал.

По повод 15- годишниот јубилеј на МТФ „Св.Јоаким Осоговски“ на посебна свеченост на актерот и режисер Владо Денчов му беше доделена специјална повелба „Св.Јоаким Осоговски" за придонес во аудиовизуелни уметности и медиуми. 

За достигањата на Денчов како театарски актер и тетарски и филмски режисер говореше Гоце Ристовски, уметнички директор на фестивалот. ир/бак/

 

Фото: Општина Крива Паланка 

Остани поврзан