• сабота, 27 јули 2024

Со показна вежба одбележан Денот на пожарникарите во Пробиштип

Со показна вежба одбележан Денот на пожарникарите во Пробиштип
Пробиштип, 19 мај 2022 (МИА) - Пробиштипските пожарникари денеска имаа показна вежба во случај на пожар во Општинското основно училиште (ООУ) „Никола Карев“. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов вели дека показната вежба е по повод Денот на пожарникарите, кој се одбележува утре. Во рамки на показната вежба имаше  евакуација, спасување на повредени и гасење на пожар, која ја спроведе Територијалната противпожарна единица Пробиштип, во соработка со Црвениот крст и Брзата помош од Здравствен дом „Нада Михајлова"-Пробиштип. -Благодарност и честитки до сите институции, кои се грижат за безбедноста и здравјето на граѓаните, денеска учениците имаа можност преку вежба да видат како се постапува и како функционираат службите за време на итни случаеви. Општина Пробиштип преку апликација во Бирото за рамномерен регионален развој, обезбеди средства за набавка на ново противпожарно возило и истото ќе биде ставено во функција деновиве, вели Анастасов. Посочи дека општинатата е во фаза и на изработка на проект и апликација за нов објект за противпожарната единица, кој ќе биде уреден согласно стандардите за подобра работа и ефикасност на единицата, се со цел за поголема безбедност и сигурност на граѓаните на Општина Пробиштип. вдј/аа/

Остани поврзан