• вторник, 26 ноември 2024

Со поддршка од МНР досега вратени 2.020 македонски државјани од странство

Со поддршка од МНР досега вратени 2.020 македонски државјани од странство
Скопје, 31 март 2020 (МИА) - Со интервенција на Министерството за надворешни работи, по воздушен и по копнен пат, досега од странство во земјава се вратени 2.020 македонски државјани. Со чартер-летовите, организирани од страна на Министерството, се вратени 1.275 граѓани. Досега, помош од МНР побарале 5.228 лица, а од нив 2.890 се согласиле да бидат минимум 15 дена во задолжителен државен карантин и да ја платат цената на билетот, информира министерот за надворешни работи Никола Димитров. - Значи ние имавме два повика со цел да им помогнеме на нашите грѓани кои се затекнаа во странство во услови кога комуникациите, границите, аеродромите и редовните летови се затворија, да се вратат. Имавме еден повик со рок до 22 март да се пријават, дали преку дежурниот тим на МНР, дали преку дипломатско-конзуларните претставништва. Вкупно помош побараа 5.228 граѓани, од кои 2.890 се согласија да бидат минимум 15 дена во задолжителен државен карантин и да ја платат цената на билетот. Ние организиравме повеќе чартер летови. Досега на овој начин вратени во земјата се 1275 граѓани, веќе имавме три лета за Германија, ќе имаме уште еден лет да ги преземе останатите граѓани, изјави Димитров  телевизијаАлсат-М На прашањето дали се уште има граѓани кои сакаат да се вратат во Северна Македонија, министерот одговори дека уште се обидуваат да им помогнат во враќањето на првата група на граѓани. - Ние сега се обидуваме да ја завршиме првата група на граѓани, таа почетната. Пред се околу 93 проценти беа на нашиот континент, во Европа и затоа тука сме пред се концентрирани. Имаме и луѓе кои се на други континенти, меѓутоа нив им помагаме во соработка со други држави, рече Димиторв, посочувајќи дека дел од нашите државјани во Јужна Америка се вратени во Европа со помош на Австрија и Португалија. Во врска со тоа дали нашите Амбасади имаат капацитет да се справат со ситуацијата, тој нагласи дека дипломатските претставништва се под голем притисок, бидејќи немаат голем персонал. - Имаме претставништва со двајца-тројца вработени. Тоа се луѓе коишто не се обучени да ја работат работата што вообичаено ја работат туристичките агенции. Луѓето даваат се од себе да излезат во пресрет, е има и грешки, меѓутоа ќе дадеме се од себе да им помогнеме на сите граѓани да им дадеме помош. Цел свет е во вонредна ситуација. Дури и амбасадите на држави со многу поголем персонал се соочуваат со слични предизвици, истакна министерот. Во однос на критиките од опзицијата за наводното „перење пари“ преку чартер летовите, Димитров рече дека некој си игра политика во момент на вонредна состојба, оквалификувајќи го тоа како несериозно. - Мислам и јас имав едно искуство со прес-конференција на опозицијата каде што тврдеа дека МНР од 17 до 20 март потрошило извесна сума за службени патувања. Јас лично не патувам. Последниот дипломат од МНР патувал на 3 март годинава. Беше прикажано како да биле потрошени тие пари од 17 до 20 март. Слична е и оваа теза. За набавката на чартер летовите надлежен е Генералниот секретаријат на Владата, не го прави тоа МНР. Ние сме во тек со процесот. Се работи со авиокомпанијата која што ќе понуди најниска цена и таа сума се дели со бројот на луѓето што патуваат, а нивните уплати одат на приходната сметка на ГС при Владата. Значи, нема контакт, се е многу едноставно и бројките се јасни, така што мислам дека да се игра политика во момент на вонредна состојба и тоа на ваков начин во најмала рака е несериозно, потенцираше Димитров. Шефот на дипломатијата нагласи дека државата сака да им помогнеме на сите македонски државјани што се во странство, но оти мора да се има предвид дека ограничувачки фактор претставува капацитетот за државен карантин. - Тоа мора да биде направено на начин што нема да го загрози здравствениот систем дома и во смисла на капацитет и во смисла на ризик. Тие два интереси диктираат со какво темпо ќе се спроведува оваа операција, додаде Димитров. см/сп/

Остани поврзан