• сабота, 27 јули 2024

Со победа над Осогово, Каменица Саса се врати на третото место во Втората лига - Исток

Со победа над Осогово, Каменица Саса се врати на третото место во Втората лига - Исток
Македонска Каменица, 7 ноември 2021 (МИА) - Фудбалерите на Каменица Саса се вратија на 3. место на второлигашката табела во Источната конкуренција, откако во соседското дерби денес на Градскиот стадион во Македонска Каменица беа подобри во соседското дерби со Осогово. Стрелци на головите за домашната екипа беа Мисердовски и Божинов кои беа постигнати во финишот на мечот. -Ова беше тврд натпревар во кој на крај заслужено победи екипата со повеќе шанси. Засега она што е важно е што повторно сме трети на табелата. Би било добро да продолжиме со ваква и уште подобра игра за да останеме при врвот на табелата, истакнаа од стручниот штаб по натпреварот. Во вториот натпревар кој во 10. коло во оваа конкуренција се играше на крајниот Исток, екипите на Кит-Го Пехчево на домашен терен ремизираше со прилепска Победа 1:1. Кудев во 51 минута и донесе водство на домашната екипа додека Спиркоски во 75. минута и донесе реми на второпласираната екипа на првенствената табела. вс/зс/

Остани поврзан