Со победата во Висконсин, Доналд Трамп и официјално е 47. американски претседател
- Трамп доби 10 електорски гласови во Висконсин, што му дава вкупно 277 електорски гласови, пренесе Си-Ен-Ен.

Вашингтон, 6 ноември 2024 (МИА) – По изборната победа во сојузната држава Висконсин републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп и официјално победи во изборната трка со демократската кандидатка Камала Харис, јавија американските медиуми.
Трамп доби 10 електорски гласови во Висконсин, што му дава вкупно 277 електорски гласови, пренесе Си-Ен-Ен.
За победа на претседателските избори му беа потребни најмалку 270 електорски гласови.сд/
фото:МИА архива