Со онлајн дебата „Зошто превод“ се затвора Месецот на франкофонијата

Скопје, 31 март 2021 (МИА) - Францускиот институт во Скопје и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“- Скопје денеска организираат онлајн дебата на тема „Зошто превод“ со што ќе се затвори Месецот на франкофонијата.
Преку зум платформата учесниците ќе дебатираат за предизвиците на писмениот и устен превод.
Како што е најавено, дебатата ќе ја отвори директорот на Францускиот интситут во Скопје Емануел Рембер.
Со свои излагања ќе учествуваат проф. д-р Ирина Бабамова, раководител на Катедрата за романски јазици и книжевности – Филолошки факултет „Блаже Конески“- Скопје, проф. д-р Елисавета Поповска, професор на Катедрата за романски јазици и книжевности – Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје, Елена Никодиновска од Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Жарко Кујунџиски, директор на издавачката куќа „Антолог“ – Скопје и Сања Фурнаџиска-Адамс, конференциски толкувач. мд/сп/