Со натпревари во Куманово и во Струга стартува 13.то коло во ПФЛ
- Со одигрувањето на денешните два дуела стартуваат натпреварите од 13. коло од Првата фудбалска лига
Скопје, 8. ноември 2025 (МИА) – Со одигрувањето на денешните два дуела стартуваат натпреварите од 13. коло од Првата фудбалска лига. Прволигашки фудбал ќе се игра во Куманово и во Струга.
Во Куманово Башкими го пречекува Работнички, додека во Струга истоимената екипа е домаќин на Арсими. Почетокот на двата натпревара е во 13 часот.
Утре (недела) во истиот термин ќе играат: Вардар – Тиквеш и Пелистер – Брера, додека за понеделник се закажани дуелите: Силекс – Шкупи и Шкендија – Македонија ЃП. мн/
Фото: ФФМ