• вторник, 15 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Со концерт на Националиот џез оркестар свечено се отвора манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“

Со концерт на Националиот џез оркестар свечено се отвора манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“

Гевгелија, 11 април 2025 (МИА) - Со концерт на Националниот џез оркестар свечено ќе биде отворена манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, соопштија од Општината.

Вечер,на Градскиот плоштад во Гевгелија, прво ќе се одржи дефиле во кое ќе учествуваат над стотина дечиња вклучени во активностите од областа на културата што се реализираат во ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија. Дефилето ќе започне од Пионерскиот дом во 18:30 часот со движење кон Градскиот плоштад и Стариот градски пазар.

Потоа следува концертот на Националниот џез оркестар, кој ќе се одржи на Стариот градски пазар, со почеток во 19:30 часот. Биг бендот на Националниот џез оркестар, под диригентската палка на Џијан Емин, ќе настапи со изведба на незаборавни хитови и поп-евергрини од македонската и светската музичка сцена, специјално аранжирани со нов, уникатен звук за оваа пригода. Ќе настапат и вокалните солисти Андријана Јаневска, Светлана Јовановска, Дејан Бобиќ и Калина Велковска.

Манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“ е поддржана од Министерството за култура и туризам, за што Општина Гевгелија аплицираше на Јавниот повик.

Во текот на годината Гевгелија ќе биде домаќин на голем број настани и проекти на националните установи од областа на културата, како и културни активности на установите, физичките и правни лица на подрачјето на Општината. рт/дма/

Фото: Општина Гевгелија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан