• вторник, 26 ноември 2024

Со исфрлени 20 тони вода од полицискиот хеликоптер, локализиран пожарот во атарот на Селце

Со исфрлени 20 тони вода од полицискиот хеликоптер, локализиран пожарот во атарот на Селце

Скопје, 14 април 2024 (МИА) - Локализиран е пожарот во атарот на тетовско Селце. Како што информира МВР, со прецизно дејствување биле исфрлени 20 тони вода од полициски хеликоптер.

Одделот за воздухопловни единици по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење пожар, го упатил хеликоптерот М171 од Хеликоптерската единица за посебни намени.

Според ЦУК, пожарот зафатил букова шума, ливади и меѓни стебла во приватни имоти, а теренот е стрмен и тешко пристапен. Ренџерската служба три дена се обидува да го локализира, а помош за гаснење е побарана и од ЦУК. мч/мд/

фото: МВР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан