• сабота, 21 декември 2024

Со ИПАРД 3 поддршката за кофинансирање може да достигне и до 70 проценти за младите земјоделци

Со ИПАРД 3 поддршката за кофинансирање може да достигне и до 70 проценти за младите земјоделци

Скопје, 13 септември 2023 (МИА) - Поголем процент во добивањето на финансиската поддршка при аплицирање за мерките од ИПАРД 3 програмата добиваат младите земјоделци. Па така поддршката за кофинансирање на еден проект може да достигне и до 70 проценти од вредноста на инвестицијата, каде како апликант се јавува млад земјоделец, истакна министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.

Во гостувањето  на ТВ Сител Николовски вечерва информираше дека новата ИПАРД 3 програма овозможува авансна исплата до 50 проценти од висината на финансиската поддршка, веднаш по потпишување на договорот. Обезбедувањето на потребната документација, ќе се врши преку електронски систем, намалувајќи ги трошоците на апликантите и забрзувајќи го процесот на аплицирање.

-Ние сме лидери во регионот по неколку основи, ја имаме најголема искористеност од 98 проценти на средства од ИПАРД 2 програмата, со склучени 2369 договори, нула евра вратени кон ЕУ и први во регионот ние започнуваме со ИПАРД 3 програмата, рече министерот Николовски.

Според него, интересот за новата ИПАРД програма е голем. На терен повторно е активна информативна кампања која има за цел детално да ги запознае сите земјоделеци со можностите кои им се ставаат на располагање за инвестиции и модернизација на своето производство преку ИПАРД програмата.

-Лидерското место го потврдивме со тоа што први сме во регионот кој ја започнавме реализацијата на новата ИПАРД 3 програма. На 1 септември го распишавме првиот јавен повик од новата ИПАРД 3 програма, кој се однесува за мерките 1 и 7 и на располагање ги ставивме првите 30 милиони евра, од вкупноте 97 милиони евра кои ги имаме на располагање за инвестиции со новата ИПАРД 3 програма. Овој јавен повик е отворен до 15 октомври, со можност за продолжување до 1 ноември 2023 година, додаде Николовски.

Информираше дека инвестиции во модернизација на земјоделството преку набавка на опрема, подигнување на насади и инвестиции во развојот на руралниот туризам се само дел од можностите кои се нудат со мерките од првиот јавен повик од ИПАРД 3.

-Новата ИПАРД 3 програма овозможува авансна исплата до 50проценти од висината на финансиската поддршка, веднаш по потпишување на договорот. Обезбедувањето на потребната документација, ќе се врши преку електронски систем, намалувајќи ги трошоците на апликантите и забрзувајќи го процесот на аплицирање, посочи министерот Николовски. сх/лв/

Фото: МЗШВ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан