• понеделник, 23 декември 2024

Со закројување на виновата лоза и ,,Саем на домашно вино” одбележан празникот на лозарите во општина Илинден

Со закројување на виновата лоза и ,,Саем на домашно вино” одбележан празникот на лозарите во општина Илинден

Скопје,14 февруари 2024 (МИА) - Со закројување на виновата лоза во дворот на црквата Свети Трифун во населеното место Ајватовци,  Општина Илинден го одбележа празникот на лозарите, а се одржа и „Саем на домашно вино“ на кој Плакета за најдобро домашно произведено вино му е доделена на прворангираниот Слободан Јовановски.

Како што информираат од Општина Илинден, празнувањето на  Свети Трифун започна со Божествена литургија со која чиноначалствување владиката Јоаким од Дељадровско-Илинденска Епархија, што се одржа пред голем број верници.

Во рамките на манифестација ,,Саем на домашно вино” во организација на црковниот одбор на црквата „Свети Трифун“, а под покровителство на градоначалникот Александар Георгиевски, годинава се одржа избор на најдобро произведено домашно вино во Општина Илинден. На своевидниот вински фестивал кој прераснува во традиција, учествуваа осум производители на вино.

- Според одлуката на жири комисијата, која имаше навистина тешка задача при изборот, составена од членови на „Вински витези“, здружение за промоција на македонското вино и на македонската култура, градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски му додели Плакета за најдобро домашно произведено вино, на првонаградениот Слободан Јовановски, второто место го доби Страшко Ангеловски, а третото место Љубе Стојмановски, се наведува во соопштението.

Воедно   благодарници за учество на манифестацијата ,,Саем на домашно вино” им беа доделени на сите учесници. ад/дма/

 

Фото: Општина Илинден 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан