• сабота, 23 ноември 2024

Со експертска помош од Полска ќе се јакнат капацитетите на Државниот инспекторат за транспорт

Со експертска помош од Полска ќе се јакнат капацитетите на Државниот инспекторат за транспорт

Скопје, 6 септември 2024 (МИА) - Заменик министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири денеска остварила работна средба со полскиот министер Артур Сцапивски воедно и главен инспектор за транспорт на Република Полска и Пјотр Висоцки претставник од Полската амбасада во државава.   
 
-На средбата се разговараше за соработката меѓу двете земји, притоа акцент се стави на транспортната политика и инвестициите.  Заменик министерката Зеколи Шаќири истакна дека Македонија во континуитет работи на усогласување на домашните транспортни политики со транспортната регулатива на Европската Унија, соопшти Министерството за транспорт.

Било отворено и прашањето за имплементација на Твининг проектот за модернизација и подигнување на капацитетите на Државниот инспекторат за транспорт, проект финанасиран преку Европската Унија во висина од 2,1 милион евра.  
 
Главната цел на овој проект е да се унапредат техничките и човечките капацитети на Државниот инспекторат за транспорт преку нови вештини, искуства и усогласување на на домашното законодавството со Европската Унија.  За таа цел, Државниот инспекторат за транспорт на Полска започнувајќи од октомври оваа година во наредните 28 месеци ќе има свој постојан претставник во државава кој ќе работи на унапредување на целокупната активност на ДИТ.  
 
-Драго ми е што започнуваме проект преку кој ќе ја зголемиме безбедноста на патиштата а нашите инспектори ќе добијат нови знаења и искуства на ниво на нивните колеги од Европската унија. Исто така ќе достигнеме повисоки сигурносни стандарди во оваа област. Ова е проект финанисиран со средства од Европската Унија и очекувам значително да ги подобриме условите во нашиот Државен инспекторат за транспорт, истакнала по средбата заменик министерката за транспорт, Зеколи Шаќири.лв/

фото:Министерство за транспорт

Остани поврзан