• понеделник, 02 септември 2024

Со договорот за одбрана потпишан со Шведска, Вашингтон доби пристап до сите воени бази во Скандинавија

Со договорот за одбрана потпишан со Шведска, Вашингтон доби пристап до сите воени бази во Скандинавија

Вашингтон, 6 декември 2023 (МИА) - Шведска и САД потпишаа договор во областа на одбраната што му овозможи на Вашингтон пристап до сите воени бази во скандинавските земји, соопшти шведското Министерство за одбрана.

Шведскиот министер за одбрана Пал Џонсон изјави дека договорот потпишан вчера во Вашингтон „ќе создаде подобри услови за Шведска да добие помош од САД во случај на војна или криза“.

Тој објасни дека договорот не значи дека САД ќе ги користат сите 17 воени бази, туку дека најважно за Вашингтон е да можат да складираат одбранбена опрема онаму каде што им е најпотребна.

Договорот во Пентагон го потпишаа Џонсон и американскиот министер за одбрана Лојд Остин, кои по тој повод изјавија дека капацитетите на шведските вооружени сили ќе го зајакнат НАТО.

„Договорот испраќа силен сигнал дека остануваме посветени заеднички да ги решаваме безбедносните предизвици“, рече Остин.

САД постигнаа сличен договор со западниот сосед на Шведска, членката на НАТО Норвешка, во 2021 година и во моментов преговараат за таков договор со членките на НАТО - Финска и Данска, две други нордиски земји. паг/

Фото: МИА архива


  

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан