• сабота, 14 февруари 2026

Со дегустација на вина и ракии започна „Неделата на виното" во Неготино 

Со дегустација на вина и ракии започна  „Неделата на виното

Неготино, 12 февруари 2026 (МИА) - Во рамките на четиридневната манифестација по повод празнувањето на Свети Трифун, со дегустација на вина и ракии на натпреварот организиран од локалната самоуправа, започнаа активностите во склоп на настанот во Неготино. 

- Радува фактот дека и оваа година интересот за доставување мостри од вина и ракии беше навистина голем што резултираше со импозантна бројка на мостри за дегустација. При мојата посета на настанот бев запозната дека најголем дел од мострите се со одличен квалитет и дека комисијата има навистина сложена задача да ги избере најдобрите вина и ракии, рече градоначалничката Марија Нацева. 

Дегустацијата ја вршеа стручни лица енолози од Здружението на енолози на Македонија, а наградите на најдобрите индивидуални производители ќе им бидат врачени во сабота на централниот настан по повод Свети Трифун.свд/лв/

Фото: МИА 

Остани поврзан