Со два хеликоптера на МВР изгаснат пожарот во крушевско (Видео)
- Два хеликоптера од Одделот за воздухопловни единици, денеска го изгаснаа шумскиот пожар кој попладнево изби во атарот на крушевското село Пуста Река, информираат од МВР.

Скопје, 1 јуни 2024 (МИА) - Два хеликоптера од Одделот за воздухопловни единици, денеска го изгаснаа шумскиот пожар кој попладнево изби во атарот на крушевското село Пуста Река, информираат од МВР.
- По добиено барање од ЦУК, на пожарот двата хеликоптера исфрлија над 40 тона вода и во координација со пожарникарите, пожарот е целосно изгаснат, соопштија од полицијата. ир/нд/
Фото: Скриншот