• понеделник, 23 декември 2024

Сојуз на средношколци: Да се зголеми безбедноста во училиштата

Сојуз на средношколци: Да се зголеми безбедноста во училиштата
Скопје, 26 октомври 2022 (МИА) - Сојузот на средношколци преку соопштение изрази загриженост за денешните дојави за поставени бомби во пет средни училишта во Скопје.
- Во последниот период јавноста сведочеше на слични дојави за бомби во училишта и болници во соседна Република Србија. Сојузот ја поздравува брзата акција на безбедносните служби. Ограноците на Сојузот нè информираа дека евакуацијата е целосно спроведена, а настава нема да има за учениците од втората смена, стои во соопштението.
Сојузот на средношколци апелира на зголемување на безбедноста во средните училишта.
-Ги повикуваме нашите соученици да бидат смирени бидејќи паниката е нашиот најголем непријател во овие ситуации. Безбедностите и училишните служби да бидат професионални и методични во работењето на за да се заштитат средношколците и сите останати вклучени во образовниот процес, се вели во соопштението.
Во СВР Скопје денеска беше пријавено дека на меил адреси на пет училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба.
-Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за раасчистување на случајот, соопшти МВР. мд/са/

Остани поврзан