Сојузот на средношколци ќе избира нов претседател, кандидати се двајца ученици
- Сојузот на средношколци денеска во Собранието на Република Северна Македонија ќе одржи 25. Генерално собрание и 4. Конгрес, на кој ќе се избира нов претседател на Сојузот и ќе бидат презентирани активностите и резултатите од двегодишниот мандат на досегашниот, Берин Мухамед.
Скопје, 10 јули 2025 (МИА) - Сојузот на средношколци денеска во Собранието на Република Северна Македонија ќе одржи 25. Генерално собрание и 4. Конгрес, на кој ќе се избира нов претседател на Сојузот и ќе бидат презентирани активностите и резултатите од двегодишниот мандат на досегашниот, Берин Мухамед.
-Ќе се избира претседател на Сојузот на средношколци – позиција со клучна улога во застапувањето на средношколските интереси на национално и интернационално ниво, наведува Сојузот на средношколци.
Има двајца кандидати за претседателската функција: Виктор Јакимов - ученик од средното приватно училиште „НОВА“ во Скопје, кој оваа година завршил втора година средно, и Иво Маркиќ – ученик од средното приватно училиште „Јахја Кемал“ - Скопје, кој во јуни завршил прва година средно образование. хс/лв/
Фото: МИА архива