• среда, 25 декември 2024

Сочуство од претседателот Пендаровски по повод смртта на кралицата Елизабета Втора

Сочуство од претседателот Пендаровски по повод смртта на кралицата Елизабета Втора
Скопје, 9 септември 2022 Претседателот Стево Пендаровски по повод смртта на Нејзиното Величество, Кралицата Елизабета II, упати писмо со сочувство до Неговото Величество Чарлс III Крал на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Ваше Величество, Во овие тешки мигови, во име на граѓаните на Република Северна Македонија и во мое лично име, дозволете ми да изразам најдлабоко сочувство по повод смртта на Нејзиното Величество, Кралицата Елизабета II. Кралицата посветено и неуморно ја извршуваше својата служба, покажувајќи лидерство дури и во најтешките мигови. Во седумте децении на нејзиното владеење, пораснаа и се развиваа генерации за кои Кралицата беше и остана симбол на лидер кој води преку емпатија, со визија, секогаш подготвена за приспособување на монархијата кон новата динамика на глобалните текови, останувајќи секогаш фокусирана да ја води и претставува својата држава во секој дел на светот. За време на владеењето на Кралицата, имавме одличен развој на македонско-британските односи, кои се развиваа преку политичките, економските, културните и образовните врски, а поддршката која доаѓаше од Кралицата, преку Владата и членовите на кралското семејство кои работеа во нејзино име, беа огромна помош за позитивно движење на процесите. Доживотната определба на Нејзиното Величество да му служи на својот народ во Обединетото Кралство и Комонвелтот е пример за јавна служба која ќе остане инспирација за идните генерации. Во овие тешки мигови, Ваше Величество, примете ги изразите на моето највисоко почитување, со желби за добро здравје. Претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан