• понеделник, 17 март 2025

Сочувство до семејствата и најблиските на загинатите во пожарот во ноќниот клуб во Кочани од Амбасадата на Русија

Сочувство до семејствата и најблиските на загинатите во пожарот во ноќниот клуб во Кочани од Амбасадата на Русија

Скопје, 16 март 2025 (МИА) – Амбасадата на Русија во Северна Македонија изразува сочувство до семејствата и најблиските на загинатите во пожарот во ноќниот клуб во Кочани.

-Со горчина и болка ја примивме веста за страшната трагедија – пожарот на 16 март 2025 година во ноќен клуб во градот Кочани, кој однесе животи на многумина млади луѓе. Во ова тажно време жалиме заедно со македонските граѓани, ја споделуваме болката за голема загуба. Изразуваме длабоко сочувство до семејствата и најблиските на загинатите. Им посакуваме брзо закрепнување на повредените, се вели во објавата на Фејсбук на руската Амбасада во земјава. 

Во синоќешниот пожар во Кочани, според последните информации што ги објави МВР,  починале 59 лица, а 155 се повредени. За четири лица распишана е централна потерница, а досега извршени се разговори со десет хоспитализирани лица, како и со еден од членовите на групата ДНК. аа/ац/

Фото: Принтскрин Фејсбук 

 

Остани поврзан