• среда, 25 декември 2024

Софија ќе забрани возење електрични тротинети во паркови, на тротоари и на пешачки патеки

Софија ќе забрани возење електрични тротинети во паркови, на тротоари и на пешачки патеки

Софија, 31 мај 2023 (МИА) – Во Софија ќе биде забрането возење електрични тротинети во паркови, градини, на плоштади, тротоари и низ пешачки патеки. За непочитување на забраната предвидена е парична казна од 50 лева (околу 25 евра).

Забраната за возење на електрични тротинети е на иницијатива на групите ГЕРБ-СДС и Патриоти за Софија во Советот на општина Софија. Двете партии имаат мнозинство во Советот и новите регулативи најверојатно ќе бидат усвоени до средината на јули доколку не наидат на сериозно противење во јавноста.

Тие вклучуваат повеќе правила за паркирање на тротинетите за да се избегне нивното расфрлање низ градот. За почитување на правилата ќе се бара помош од компаниите кои издаваат електрични тротинети. И за нив се предвидени и казни.

Целта на ограничувањата е да се подобри безбедноста на пешаците и да се избегнат сообраќајни несреќи.

Нема официјални податоци за бројот на електрични тротинети, познато е само дека трите компании за изнајмување имаат околу 2.000 електрични тротинети. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан