• понеделник, 30 декември 2024

СОУ „Гошо Викентиев“ од Кочани победи на државниот натпревар по роботика и ќе учествува на Светското првенство во Мароко

СОУ „Гошо Викентиев“ од Кочани победи на државниот натпревар по роботика и ќе учествува на Светското првенство во Мароко

Кочани, 2 април 2023 (МИА) – Тимот ученици од СОУ „Гошо Викентиев“ од Кочани победи на државниот натпревар по роботика од First Lego лигата, што се одржа на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и ќе биде македонски претставник на Светското првенство во роботика што од 18 – 21 мај ќе се одржи во Мароко.

Тимот „The Makbot Pioneers“ беше севкупен победник во конкуренција на осум екипи ученици од Скопје и Тетово. Натпреварот се состоеше од четири категории, односно тимовите имаа задача да ги покажат своите вештини и знаења во игра со роботи, подготовка на иновативен проект, дизајн на робот и основни вредности.

Учесниците на натпреварот работеа на исполнување на целите за одржлив развој на ОН, со фокус кон обезбедување прифатлива, сигурна, одржлива и модерна енергија за сите. Главна цел на натпреварувањето, на кое учествуваат деца на возраст од 9 до 16 години, е стекнување вештини и способности неопходни за живот во 21. век, со искористување на креативноста и критичкото размислување.

Државниот натпревар по роботика годинава беше во организација на Академијата за роботика и иновации, а коорганизатор беше Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. На Светското првенство во Мароко учесниците ќе се натпреваруваат на тема Super powered. та/мс/

фото: СОУ „Гошо Викентиев“ - Кочани

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан